Францускиот скијач Сипријан Сарацин победи на спустот кој се возеше во италијанскиот Бормио, но трката ја одбележа падот на лидерот во Светскиот куп, Марко Шварц.
Шварц на половина од трката загуби контрола над скиите и заврши во заштитната ограда покрај патеката. Тој неколку минути лежеше на снегот, а по укажаната лекарска помош, со хеликоптер беше пренесен во болница. Според австриските медиуми, Шварц го повредил коленото, но засега не се знае колку е сериозна повредата.
Das sieht nicht gut aus. Alles Gute für Marco Schwarz! #Bormio #Downhill #fisalpine @Ski_Austria_ pic.twitter.com/4SLv6EG1RD
— storymakers (@mz_storymakers) December 28, 2023
Сарацин триумфира со време од 1:50.73 минута и беше за девет стотинки побрз од Марк Одермат, додека последното место на победничкиот пиедестал му припадна на Камерон Александер, кој заостана 1.23 секунда зад Сарацин.
Поради падот и незавршување на трката, Шварц остана на 464 бода и го загуби лидерското место во генералниот пласман, додека нов лидер и Одермат со 536 бода.