Започна новогодишната турнеја: Германецот Велингер леташе најдалеку (Видео)

Германецот Андреас Велингер е победник на скокалницата во Оберсдорф, која е прва станица од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Германскиот скокач во првата серија имаше скок од 139,5 метри, додека во вториот скок прелета дури 161,3 метри  и на крајот беше најдобар со 309,3 освоени поени.

Второто место го освои Јапонецот Рјоју Кобајаши кој имаше скокови од 134,5 и 156,5 метри, а на крајот имаше три бода помалку од победникот. Место на пиедесталот имаше и за Штефан Крафт од Австрија, кој имаше скокови од 132,5 и 155,7 метри, а на крајот стигна до 298,9 поени.

Вториот предизвик за ски скокачите ќе биде на 1 јануари 2024 година на популарната скокалница во Гармишпартенкирхен.

https://twitter.com/i/status/1740802110441054657

- Оглас -

Најнови вести