Најголемиот црногорски талент, Василија Аџиќ, прави трансфер од соништата и веќе неделава ќе се пресели во Јувентус. Неговиот клуб, Будуќност од Подгорица, ќе добие два милиони евра обесштетување, а таа сума може да порасне и на пет милиони евра со дополнителните бонуси.
17-годишниот фудбалер минатото лето беше прекомандуван од младинците на Будуќност во првата екипа, а забележа и два настапи во дуелите против македонскиот шампион Струга во квалификациите за Конференциската лига. Аџиќ дури успеа и да се запише во листата на стрелците на вториот натпревар во Подгорица. Струга двапати го победи Будуќност, кој еве сега му продава фудбалер на Јувентус.