Вкупно пет натпревари од кошаркарската Евролига ќе се одиграат вечерва, а најинтересно се очекува да биде во Белград. Партизан како фаворит влегува во мечот против Макаби Тел Авив со квота од 1.50 во понудата на Sport Life.
„Црно-белите“ од Белград се во серија од два порази во Евролигата откако загубија најпрво од лутиот ривал Црвена ѕвезда, а потоа и од Фенербахче на гости, па дуелот против Макаби е одлична шанса да се вратат на победничките патеки.
Интересно ќе биде и во Каталонија, каде што Барселона ќе игра против редовниот „муштерија“ Жалгирис. Каталонците се во серија од пет победи против Литванците, а квотите во Sport Life велат дека таа серија ќе продолжи и денес.
Богата понуда има и кај кошаркарите за најпопуларната игра „плус-минус“ поени, но и за скокови и асистенции, а комплетната понуда на Sport Life може да ја погледнете на следниов ЛИНК.