Заврши ски-сезоната за еден од најдобрите скијачи на денешницата, французинот Алекс Пинтуро, откако вчера имаше страшен пад на супервелеслаломот во Венген. Тој во еден момент изгуби контрола на скиите и имаше страшен пад, по што хелихоптер беше пренесен во болница.
Според првичните резултати, тој има скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, а тоа би значело дека тековната сезона за него е завршена. Веднаш после прегледите со хелихоптер е пренесен во Франција, каде ќе му бидат извршени дополнителни прегледи и операција.
https://www.youtube.com/watch?v=rXAfR7zEhzs&t=3s
Пинтуро во својата кариерата има 34 победи во Светскиот куп, а пред три години го освои и големиот кристален глобус.