Од најгласно навивање до тотален молк: се повреди една од најдобрите скијачки и тоа на домашна патека (Видео)

Словачката скијачка Петра Влхова, се повреди на денешната велеслаломска трка во ски центарот Јасна во Словачка, кој е на 17 километри од нејзиното родно место.

Петра со скијање почна во близина на Јасна, ова беше нејзина домашна трка, публиката громогласно ја бодреше, а за несреќа, имаше пад кој во прв момент не делуваше страшно, но изгледа станува збор за посериозна повреда на коленото.

Публиката беше во шок, одеднаш настана молк, а Петра со хеликоптер беше пренесена во болница на прегледи. Влхова е втора во генералниот пласман зад Михаела Шифрин.

- Оглас -

Најнови вести