Голманот на Милан сепак не стана почесен граѓанин на Удине

Градскиот совет на Удине го одби предлогот на градоначникот Алберто Феличе де Тони, голманот на Милан, Мајк Мањан, кој беше цел на навреди на расна основа од страна на навивачите на Удинезе, да стане почесен граѓанин.

Предлогот на градоначалникот Де Тони не ја доби потребната поддршка од две третини од гласовите на советниците бидејќи за неговиот предлог гласаа 25, а против беа 13.

„Пропуштивме можност да покажеме дека нашиот град е обединет и дека се дистанцира од тоа што се случуваше на трибините“, пренесоа медиумите во Италија, изјава на еден неименуван советник.

На дуелот кој се играше на 20 јануари во Удине, навивачите на Удинезе го навредуваа на расна основа голманот на Милан. Мањан веднаш го напушти теренот, неговите соиграчи му дадоа поддршка и исто така го напуштија теренот, но по пет минути се вратија и на крајот Милан славеше со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести