Рики Рубио ја победи „темната страна“ и повторно се врати во кашарката, и тоа во омилениот тим

Пред седум месеци неочекувано се случи прекин на кариерата на еден од најдобрите шпански кошаркари Рики Рубио. Искусниот бек тогаш изненадувачки изјави дека сака да се повлече од кошарката и да се посвети на менталното здравје, а сега повторно реши да се активира.

Рубио во последните 12 години беше дел од НБА-лигата, но сега реши да се врати во Барселона и повторно го облече дресот на Барселона, клубот за којшто настапуваше пред да замине во НБА-лигата.

Искусниот 33-годишен кошаркар ќе го носи дресот на Барселона до крајот на сезоната, а договорот е постигнат точно навреме за да може Рубио да биде вметнат во составот за настапите во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести