Фудбалерите на Баерн Минхен денес го одржаа последниот тренинг пред заминувањето за Лондон и дуелот против Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првите 15 минути од тренинг беа отворени за јавноста, па бројни новинарски екипи беа присутни во тренинг-кампот на Баварците.
Веднаш по присигнувањето на екипата можеше да се забележи дека Томас Тухел на располагање ќе има петмина фудбалери кои не беа дека од екипата поради повреди. Голманот Мануел Нојер тренираше со екипата и се очекува утре да биде стартер против Арсенал, а тука беа и Кингсли Коман, Лерој Сане, Мазрауи и Павловиќ.
Сите петмина се качија во авионот кој замина за Лондон и ќе му бидат на располагање на Томас Тухел за дуелот против Арсенал, а токму Лигата на шампионите е единственото натпреварување во кое Баварците сè уште се во конкуренција за трофејот.
🚨 Manuel Neuer, Kingsley Coman, Leroy Sané, Mazraoui and also Pavlović all back in team training for Bayern.
Only Sacha Boey and Bouna Sarr will miss the game vs Arsenal. ⛔️ pic.twitter.com/qKIaAuGfgu
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 8, 2024