Баварците се лути, Арсенал не даде билети ни за сопругите и девојките на фудбалерите

УЕФА го казни Баерн Минхен со забрана за присуство на неговите навивачи на гостувањето кај Арсенал, а Баварците нема да може да сметаат на поддршката ниту од нивните сопруги и партнерки.

Арсенал стриктно ја применувал казната на УЕФА, па не им дал билети на гостите ниту за понежните половини на фудбалерите на Баерн, а тоа многу ги налутило играчите на минхенскиот гигант. Од Баерн сметаат дека и покрај забраната, нивните жени требаше да бидат на стадион бидејќи тоа е вообичена пракса.

Најразочарани биле сопругите на Кимих и Дајер, бидејќи тие предвреме веќе одлетале за Лондон, а извисиле.
- Оглас -

Најнови вести