Баерн Минхен победи, а тоа е добра вест за Баер Леверкузен (Видео)

Баерн Минхен го победи Келн со 2-0, со голови на Рафаел Гереиро и Томас Милер, и не дозволи Баер Леверкузен денеска да ја прослави првата шампионска титула во Бундеслигата.

Ова е и посакувано сценарио за Баер, тие рекоа дека повеќе би сакале титулата да ја прослават со победа на терен, и ќе имаат прилика за такво нешто утре против Вердер.

Голчиштето на Португалецот за водство на Баерн од 1-0 погледнете го ТУКА. За Баварците кои малку и се чуваа за дуелот со Арсенал од Лигата на шампионите, има и лоши вести, се повреди Кинсли Коман.

Елиф Елмас влезе во игра кај Лајпциг во 86-та минута, откако тимот веќе водеше со убедливо 3-0 против Волфсбург. Елмас на последните три меча на Црвените бикови, одигра вкупно 16 минути.

Борусија Дортмунд победи со 2-1 кај имењакот во Менхенгладбах, а двата гола ги даде Марсел Забицер кој сезонава има четири гола за Дортмунд, двојно повеќе од бројот на голови кои ги даде во две сезони додека играше за Баерн. Гостите од Дортмунд од 55-та минута до крајот имаа човек помалку на терен, исклучен беше Адејеми, но го одбранија водството кое го имаа по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести