Вечерва од 19 часот ќе се игра третиот натпревар од финалната серија во одбројкарскиот шампионат меѓу Струмица и Штип.
Моменталниот скор е 1-1 во победи, а шампион ќе биде екипата која прва ќе дојде до три победи. Двете екипи досега беа сигурни на домашен терен и остварија идентични победи од 3-1 во сетови.
Струмица славеше во првиот меч со 25-19, 25-18, 23-25, 25-22 пред шест дена, а во петокот Штип славеше со 30-28, 17-25, 25-20, 25-21.
Според квотите, фаворит во третиот натпревар е домаќинот Струмица (1.30), додека квотата за триумф на штипјани, кои во финалето на Купот на Македонија со 3-2 во сетови го совладаа вечерашниот противник, е 3.05.