На едно коло до крајот на сезоната во Втората македонска лига, јасно е дека Беса и Пелистер влегуваат во елитното друштво, а Детонит Плачковица ќе игра бараж против третиот од долу од Првата лига, но битката за опстанок е многу интересна.
На едно коло до крајот, јасно е само дека сигурно испаѓа Караорман. Пред него најзагрозена од директно испаѓање е Каменица Саса која има 26 бодови, а во голема опасност се и Тетекс и Осогово кои имаат по 27, па и прилепска Победа која е на 28 бодови. Тимот кој ќе заврши на 14-то место (трето од долу), ќе игра бараж за опстанок.