Голем скандал се случил попладнево во арената во Белград, откако кошаркари на Партизан и Црвена ѕвезда се степале во ходникот на салата. Двете екипи вечерва ќе го играат третиот финален натпревар од јадранската АБА лига, а Нанели од Партизан и Лазаревиќ од Црвена ѕвезда завршија во полициска станица.
На снимките се гледа дека Нанели му нанесува удар на Лазаревиќ, кој има сериозни повреди, а потоа кошаркарот на Црвена ѕвезда му возвраќа и го соборува на земја. Прв притрчува Џалејн Смит кој се обидува да ги раздели, а потоа и останатите кошаркари и стручните штабови.
https://twitter.com/detepartizana70/status/1792193122148958345?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1792193122148958345%7Ctwgr%5Ef06af9564174413fe46359da5f2765736cec583a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FSport%2FKosarka%2Fa1928812%2Ftuca-nanelija-i-lazarevica.html%3Futm_source%3Dediutm_medium%3Dreferralutm_campaign%3Dedifbclid%3DIwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3erZIw8f6HjQiBpnPcJIrPvQriqurnT8vFKwD5zUmFLAEI4unf8tVm9DE_aem_AeMwpb8RTCu_Mkijdq4mHgrqLiWyc8_3gxj3o1P16PVbuMbt9n5kknAHsMcJKSW8jP-SfJPGc2SjRUB9s3NRrYNK
Црвена ѕвезда има водство од 2-0 во финалната серија против Партизан и уште вечерва може да стане јадрански шампион.