Вештачката интелигенција како помош за предвидување како ќе завршат дуелите од ЕП

Кога се игра големо фудбалско натпреварување, дури и тие кои не се страствени фанови на најважната споредна работа во светот, се „врзуваат“ покрај телевизорите за да ги следат натпреварите. Секогаш на вакво големо натпреварување предизвик е да се погоди тикет во обложувалница.

Многу анализи, пресметки, меѓусебни дуели, традиции, тактики и состави се пресметуваат пред да се најде вистинската комбинација. Сега, со развојот на технологијата, помошта од таканаречената вештачка интелигенција започна да се користи и во обложувањето.

Во досега одиграните средби, популарниот CHAT GPT направи повеќе одлични анализи, па дури беа погодени и неколку точни резултати. Вчера малку фалеше да има перфектна анализа за Хрватска – Албанија.

„Хрватска и покрај формата во која се наоѓа, а тоа вклучува три порази во последните пет меча, генерално ја има улогата на фаворит, најмногу поради искуството. Во своите редови имаат квалитетни играчи како Андреј Крамариќ кои може да направат разлика на теренот. Прогнозата е победа на Хрватска со 2:1“, покажа анализата на CHAT GPT.

Хрватска водеше со 2:1 до 94 минута, Крамариќ даде гол, но Албанија во последните моменти успеа да израмни на 2:2. И со овој резултат, анализата беше успешна затоа што најави меч со повеќе голови и дека ќе погодуваат двете селекции.

За денешните три меча има интересни анализи и прогнози. Накратно, вештачката интелигенција прогнозира дека дуелот Словенија – Србија ќе заврши без голови 0:0, потоа дека Англија со 2:1 ќе ја победи Данска, а во дербито на денот, Шпанија и Италија ќе одиграат 1:1.

- Оглас -

Најнови вести