Дерби дуели во Бразил и Белорусија, домаќинот ќе победи на Исланд

6863 Шкотска – Унгарија (21 ч.)

Двете екипи се надеваат на победа, затоа што со реми, сигурно во аут одат и Шкотска и Унгарија. Шкотска има само една победа во последните 11 дуели и тоа над аматерите од Гибралтар, што само потврдува дека се несигурни и без победнички менталитет.

Унгарија ги загуби првите два меча од ЕП, но сепак имаат шанси за место во осминафиналето. Во последните 18 дуели, Унгарија има само три порази од кои два се на ова ЕП, но на овој натпревар нема што да загубат.

Предлог тип: Х2&2-4  (2.24)

 

6864 Швајцарија – Германија (21 ч.)

Според ждрепката, Германија игра како гостин на стадионот во Франкфурт. На Pанцерите доволно им е да не загубат за сигурно да биде прв во групата.

Традицијата вели дека на седум од последните 10 дуели на овие ривали имало барем четири погодоци, па затоа логично е да се игра на голови. И Швајцарија нема да има потреба многу да калкулира, па едноставно ова ќе биде фајтерски дуел

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

3535 Динамо Минск – Неман (19 ч.)

Во полн ек е првенството во Белорусија каде Динамо Минск е домаќин на Неман. Динамо Минск игра офанзивно и со 23 погодоци го има вториот најефикасен напад во лигата и е единствен без пораз.

Тимот на Неман има три порази, но сепак е пред Динамо на табелата и тоа со еден бод повеќе поради фактот дека не калкулира многу и нема ниту еден нерешен резултат.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.03)

 

4844 Флуминесе – Фламенго (21 ч.)

Во првенството на Бразил се игра дерби на две екипи кои имаат сосема поинаков пласман на табелата. Фламенго одлично започна и по десет  кола е лидер со 21 бодови.

За разлика од нив, Флуминесе ја има најслабата одбрана и со дури 18 примени гола освои само шест бода што е доволно да биде на последното место на табелата.

Предлог тип: 2 (1.83)

 

2841 Хафнарфјордур – Филкир (21:15 ч.)

Хафнарфјордур добро го започна првенството, но сега има пет меча без триумф, па едноставно тимот е под притисок дека треба да слави. Филкир во просек прима речиси три гола по меч, што е само потврда за неорганизираноста и очајната одбрана на овој тим.

Традицијата вели дека на девет од последните 12 меча на овие ривали, се тресат мрежите на двата тима и треба да има погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.75)

- Оглас -

Најнови вести