Со соседското дерби меѓу Италија и Швајцарија денеска започнуваат возбудувањата во нокаут фазата на Европското првенство. Во послдните 20 години овие селекции играле шест пати, а дури пет меча завршиле нерешено. Италија има една победа и тоа убедлива со 3:0. Останатите пет дуели се со не повеќе од два погодоци.
Италија има горчливо искуство од последните две пресметки со Швајцарија затоа што оваа земја е една од двата виновници што Аѕурите не играа на Светското првенство во Катар. Во квалификациите, Италија и Швајцарија се бореа за првото место, а двата меча завршија нерешено, за на крај Швајцарија да биде првопласирана. Во двата дуели, Италија имаше шанси преку пенали да победи, но на двата меча промашуваше Жоргињо.
Во Специјалниот сингл и сега има опција да се одигра на пенал за Италија, а секако тука се и бројните стандардни статистички игри, па може да се одигра на бројот на изведени корнери, добиени жолти картони, покажани офсајди или направени фаули.
Може да се типува и на бројот на упатени удари кон противничкиот гол, како и комбинациите да се погоди кој играч ќе постигне гол и победникот на мечот.
Повеќе од 100-годишно е ривалството на овие две селекции, кои прв пат имаат играно во далечната 1911 година. Италија е многу поуспешна со 29 победи, 24 меча завршиле нерешено, а Швајцарија се радувала само седум пати. Последен пат Швајцарија победила во мај 1993 година, во квалификациите за СП 1994 година.