Селекторот Андов го објави списокот на фудбалерки за мечевите со Летонија и со Словенија

Женската А репрезентација на Македонија кон средината на јули ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц), нашите фудбалерки на домашен терен ќе ја пречекаат селекцијата на Летонија. Дуелот е закажан на 12 јули, со почеток во 17 и 30 часот, на тренинг-центарот „Петар Милошевски”. Во првиот дуел одигран помеѓу овие две репрезентации, во рамките на воведното коло од квалификацискиот циклус во Рига, Македонија славеше победа со 4:3.

Во последното коло, репрезентацијата на Македонија на 16 јули на гостински терен, со почеток во 19 часот ќе се соочи со фаворитот во групата, Словенија. Во првата нивна пресметка, во Скопје, репрезентацијата на Словенија забележа убедлива победа од 5:0.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи, Карсон, САД

Викторија Панчурова, Тиверија

Кристина Павлоска, Шкендија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска, Грузија

Ане Бошевска, Тиверија

Павлинка Николовска, Љуботен

Викторија Недева, Тиверија

Катерина Милевска, Цевитана

Кристина Мојсоска, Ас Јунајтед

Елена Панеска, Каменица Саса

Елена Петревска, Љуботен.

СРЕДЕН РЕД:

Маријана Нацева, Дормунд, Германија

Радица Велкова   Каменица Саса

Хава Мустафа, Шкендија

Александра Марковска, Љуботен

Симона Мајер

Лечне Андрееска

Ихмете Лимани, Веинберг, Германија

Наташа Андонова, Леванте, Шпанија

НАПАД:

Јилза Максути, Ас Јунајтед

Гентијана Рочи, Купс, Финска

Лора Сулејмани, ГСПО 92, Франција

Афродита Салихи, Шкендија

Јована Павловска, Тиверија

Собирот на репрезентацијата е закажан за денеска, во хотел „Парк“, во 14. часот. Првиот тренинг репрезентација на Македонија ќе го има денеска, со почеток во 18 часот.

За претстојните натпревари со Летонија и Словенија, неизвесен е настапот на Гентијана Рочи поради заработената повреда на вчерашниот натпревар на својот клуб во првенството на Финска.

- Оглас -

Најнови вести