Шпанија и Франција ќе излезат вечерва на мегдан на „Алијанц арената“, а победникот ќе биде првиот финалист на Европското првенство. Овие два фудбалски гиганти во 21 век имаат одиграно 10 меча во кои Шпанија се радувала шестпати, Франција има три победи, а само еден натпревар завршил нерешено.
Кога играа овие две селекции, мора да има барем еден погодок, а интересно е дека на последните четири меѓусебни дуели, првиот погодок паѓа дури по 60-тата минута, што значи дека на полувреме резултатот е 0:0.
Во понудата на Специјалниот сингл на Sport Life како главен фаворит за стрелец на првиот гол е Килијан Мбапе, а веднаш зад него е капитенот на Шпанија, Алваро Мората. Дури 18-мина фудбалери има во понудата за стрелец на мечот, а интересно е и ако има автогол или да има фудбалер кој ќе постигне два или повеќе голови.
Тука се и комбинациите да се погоди стрелец на мечот и победникот. Може да се погоди и интервалот во којшто ќе биде постигнат првиот гол, како и начинот на којшто ќе биде постигнат погодокот, дали со нога, со глава, од слободен удар, од пенал…
За мераклиите на статистичките игри тука се и понудите за вкупно изведени корнери, вкупно доделени жолти картони, вкупно удари кон голот и шутеви во рамките на голот.