Шампионскиот пехар од Европското првенство сосема заслужено заврши во рацете на капитенот на Шпанија, Алваро Мората. Шпанците станаа единствената држава во Европа со четири трофеи и позади себе ја оставија Германија со три.
Трофејот за „црвената фурија“ е и повеќе од заслужен, бидејќи до него дојдоа со седум победи на исто толку натпревари, нешто што на никој претходно не му успеало. На патот до шампионскиот трофеј победија дури четири светски шампиони, Италија во групната фаза со 1-0, потоа во четвртфиналето го исфрлија домаќинот Германија со 2-1, во полуфиналето со истиот резултат ја совладаа Франција, а 2-1 беше и во големото финале против Англија.