Кукуреља направи шоу на прославата, па им порача на Шпанците да прават деца (Видео)

Шпанија заслужено ја победи Англија со 2-1 во финалето на Европското првенство и стана најтрофејната европска земја со четири шампионски трофеи. На прославата во хотелот на Шпанците во улога на шоумен беше дефанзивецот Марк Кукуреља, кој беше оспоруван, но беше една од клучните алки со составот на Луис де ла Фуенте на патот до титулата.

Фудбалерот на Челзи долго трпеше критики, Гери Невил изјави дека Шпанија не може да биде европски шампион додека игра Кукуреља, па затоа англиската легенда доби специјален поздрав на прославата.

„Отидовме до крајот Гери, ти благодарам на поддршката“, беа зборовите за Марк Кукуреља.

Шпанецот видно возбуден од големиот успех имаше порака и до своите сонародници.

„Се надевам дека стапката на наталитетот ќе порасне за девет месеци бидејќи е многу ниска во Шпанија. Не знам дали утре Јамал има испит, но ако му дозволат, може да се забавува со нас“, кажа на микрофот Кукуреља.

Дефанзивецот на Челзи е производ на академијата на Барселона, од каде што беше праќан на позајмици во Еибар и Хетафе, каде што го откупија неговиот договор за 11,8 милиони евра. Само една година подоцна Брајтон го купи за 18 милиони евра, а потоа го продаде на Челзи за неверојатни 65,3 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести