Шпанија со освојување на ЕП заработи вистинско богатство од УЕФА

Репрезентацијата на Шпанија стана првата во историјата на континенталните собири која со максимални седум победи успеа да дојде до трофејот од Европското првенство. Тоа значи и дека успеаја да стигнат и до максималната награда која ја доделуваше УЕФА за репрезентациите. Касата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија сега е побогата за 28,5 милиони евра, колку што изнесуваше максималната премија.

УЕФА репрезентациите парично ги мотивираше за секој бод и за секоја победа, а секоја селекција учесничка доби бонус од 9,25 милиони евра за самиот пласман. Секоја победа во групната фаза вредеше еден милион евра, додека ремито се наградуваше со 500.000 евра. Учеството во осминафиналето носеше 1,5 милиони евра, четвртфиналето 2,5, полуфиналето 4 милиони евра, додека освојувањето на титулата дополнителни осум милиони евра.

Англија за поразот во финалето освои пет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести