МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички ги добија ривалите за групната фаза од АБА-2 лигата (Фото)

Трите македонски претставника во јадранската АБА-2 лига, МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички, ги добија своите ривали за новата сезона, која ќе се игра по изменет формат.

Нема веќе да ги има балон-турнирите, па 16-те екипи учеснички се поделени во четири групи со по четири екипи. Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје, се најде во групата А заедно со Хелиос, Цедевита јуниор и Теодо. Во групата Б ќе биде Работнички, кој плати 25.000 евра за да учествува. Противници на екипата од „Градски парк“ се Војводина, Сутјеска и Босна. Вицешампионот на Македонија, битолски Пелистер, се најде во групата Ц заедно со Подгорица, Широки и Вршац.

Натпреварите ќе се играат по принципот дома – гости, а веќе е познат и распоредот. Во првото коло сите три македонски екипи ќе играат на домашен терен, МЗТ Скопје против Теодо, Пелистер против Широки, додека Работнички за ривал ќе ја има Сутјеска.

Најдобрите две екипи од секоја група продолжуваат во втората фаза, кога ќе се формираат две групи со по четири екипи, а најдобрите две од секоја од групите ќе продолжат во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести