Ја освои титулата на Европското првенство и веднаш замина на операција

По блескавите изведби на Европското првенство и освоената титула во дресот на Шпанија, голманот Унаи Симон го оперираше зглобот на десната рака.

Чуварот на мрежата на Атлетик Билбао успешно се подложи на хируршки зафат во Мадрид.

„Голманот на Атлетик Билбао го оперираше зглобот на десната рака. Унаи Симон беше подложен на интервенција во мадридската болница „Де ла Луз“, за која беше заслужен д-р Пињал, а со поддршка на клупскиот медицински тим. Процесот помина без значајни проблеми и пациентот ќе биде пуштен на домашно лекување следниот ден“, соопшти клубот од Баскија, кој е актуелен победник на Купот на Кралот.

Унаи Симон бранеше на сите натпревари на ЕВРО 2024 во Германија, а Шпанија со седум победи во исто толку натпревари заслужено го освои пехарот.

Атлетик Билбао не објави до кога ќе паузира Унаи Симон, така што сè уште не е познато дали ќе биде подготвен за почетокот на сезоната во Ла Лига. Најверојатно ќе пропушти неколку натпревари на стартот

Атлетик Билбао ќе го пречека Хетафе на почетокот на новиот шампионат во Ла Лига на 15 август.

- Оглас -

Најнови вести