Најдобриот на светот загуби, па направи хаос: Ми ја уништивте кариерата! (Видео)

Грузискиот мечувалец Сандро Базаџе е еден од најдобрите во овој спорт во моментов и беше еден од главните фаворити за освојување на златниот медал на Игрите во Париз. Сепак, Базаџе доживеа големо разочарување кога беше елиминиран уште во осминафиналето од Мохамед Амер од Египет со 15:14.

Драматичен беше финишот на мечот, кога при резултат 14:14, беше извршен последниот напад и двајцата спортисти почнаа да се радуваат на победата. Грузиецот веруваше дека прв го направил победничкиот допир кон противникот, но по прегледување на снимката, судијката Ванеса Чичон одлучи дека победник е Амер од Египет.

Тоа многу го разлути Базаџе кој многу се налути и почна да вика „Срамота, срамота“.

Подоцна тој разочарано изјави дека кариерата од 21 година му завршила на вака неславен начин.

„Мојата кариера е завршена. Завршена е. Како да се вратам кога судиите постојано ме убиваат? Истото ми се случи и во Токио. Судиите ме убија. Сега само го погледна видеото и одлучи. Тренирав за ова дури 21 година, а таа ме третира како да сум никој. Кога ја замолив да ми објасни, таа само се заврти и си замина. “

- Оглас -

Најнови вести