Новото фудбалско првенство во Македонија е на прагот, а прашање е дали се подготвува промоција на првиот фудбалски клуб на Бугарите во нашата земја. На социјалните мрежи, односно на Фејсбук се појави страница на фудбалскиот клуб Граничар од село Ново Коњарево на која пишува дека тоа ќе биде фудбалски клуб на Бугарите во Македонија.
Засега оваа фејсбук страница не е активна, но доколку тоа што го најавува е лага, одговорните во клубот треба да реагираат на ваквите страници на социјалните мрежи и да ги пријават како лажни.
Здружение за спорт фудбалски клуб ГРАНИЧАР СПОРТ с.Ново Коњарево Ново Село е регистрирано во Централниот регистар на Македонија во 2014 година, а само една сезона и тоа во 2015/16 играле во општинската лига во Струмица. Сега директно влегуваат во Трета лига.
Првенството во Трета лига Исток ќе стартува на 15 септември, лигата ќе брои 12 екипи, а натпреварите како домаќини тимот на Граничар треба да ги играат на стадионот во Ново Село.
Иако е во непосредна близина на границата со Бугарија (околу еден километар одалечено место), на последниот попис кој беше во Македонија во 2021 година, немало пријавено ниту еден Бугарин во ова место. Бројките велат дека има 518 жители, од кои 448 се Македонци, еден е Албанец, а 69 жители се без податоци.