Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години со убедлив пораз го започна настапот на Европското првенство – Б дивизија во Плоешти, Романија. Нашите млади кошаркарки загубија од Ирска со 86-52 во првото коло од групата „А“.
Дека Ирска е далеку поквалитетна од Македонија во оваа возрасна група се виде уште од почетокот на мечот, бидејќи победата ја најавија со водство од 7-0, а на крајот од првиот период беше 24-12 за Ирска. На полувремето се замина со предност на противничките од 41-22, а оваа разлика продолжи да расте и во продолжение од мечот, во еден момент достигнувајќи и највисоки +42 поени разлика за Ирска.
Ниту една кошаркарка во репрезентацијата на Македонија немаше двоцифрен број на поени, а најефиксни беа Сарафилоска и Трајковска со по девет поени. Во следното коло, веќе утре, Македонија игра против Грција.