Ден за финале: Македонија е на чекор од златото на ЕП Б дивизија

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години, вечерва во „СРЦ Борис Трајковски“ ќе игра во финалето на Европското првенство Б дивизија. Противник е селекцијата на Австрија, која исто како и Македонија досега редеше само победи.

Со пласманот во финалето, двете селекции веќе обезбедија место во А дивизијата, но сепак финале е финале и мотивот за освојување на златниот медал е голем кај двете селекции.

Влезот во салата е слободен, а нашите надежи веруваат дека ќе имаат голема поддршка од трибините и дека со помош на навивачите ќе стигнат до трофејот.

- Оглас -

Најнови вести