Вкупно 12 плејоф дуели ќе се играат и во Лигата на Европа, а победниците ќе се пласираат во групната фаза. Српскиот гигант Партизан беше дел од оваа ждрепка во Нион. Беше познато дека Црно-белите ќе играат против Лугано во третото коло од квалификациите, а доколку успеат да го поминат овој ривал, во плејофот ќе играат против турски Бешикташ.
Партизан започна во квалификациите од Лигата на шампиони, но откако убедливо беше елиминиран од Динамо Киев, сега предизвик за нив ќе биде и да бидат дел од групната фаза во Лигата на Европа.
Ждрепката во Нион денеска реши плејоф дуелите да ги сочинуваат:
победникот од Динамо Минск/Линколн – Андерлех
поразениот од Јегелонија/Бодо Глимт – победникот од Панатинаикос/Ајакс
поразениот од Карабах/Лудогорец – победникот од Петрокуб/ТНС
победникот од Партизан/Лугано – Бешикташ
победникот од УЕ Санта Колома/РФС – поразениот од Слован Братислава/АПОЕЛ
победник од Паневажис/Макаби Тел Авив – ТСЦ Бачка Топола
поразениот од Малме/ПАОК – победникот од Целје/Шамрок
поразениот од Мидтјеланд/Ференцварош – победникот од Ки Клаксвик/Борац
победникот од Молде/Сркл Бриж – победникот од Риека/Елфсберг
🚨 Europa League Play-offs are set! pic.twitter.com/XlCQ6P4JiG
— Football Rankings (@FootRankings) August 5, 2024