Владата со награда од три милиони денари за златните македонски кошаркари

Валадата на Република Македонија донесе одлука да ги награди златните македонски кошаркари со три милиони денари за освојувањето на Европското првенство – „Б“ дивизија, кое изминатите десеттина дена се одржуваше во Скопје.

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години натпреварувањето го заврши со осум победи на исто толку натпревари и убедливо го освои првото место и дојде до пласман во „А“ дивизијата. Ова е прв трофеј за некоја младинска селекција на Македонија, откако претходно селекциите до 16 и до 20 години трипати губеа во финале.

„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од три милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа ‘златна’ генерација донесе осум победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција.“ – се вели во објавата на Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

- Оглас -

Најнови вести