Драматичен беше финалниот меч во женска конкуренција во одбојка на песок на ЛОИ во Париз, а на крајот бразилската двојка славеше со 2:1 во сетови против девојките од Канада.
Во третиот решавачки сет, при резултат 11:8 се случи малку необична ситуација кога Канаѓанката Бренди Вилкерсон и Бразилката Ана патрисија влегоа во вербален конфликт. Двете одбојкарки остро реагираа, па мораше да реагира и судијата кој застана меѓу двете одбојкарки, недозволувајќи да се случи посериозен конфликт.
Во тие тензични моменти, одлично реагираше ди-џејот. Човекот задолжен за пуштање музија веднаш ја пушти песната „imagine“ од Џон Ленон и буквално ја смири ситуацијата.
Двете одбојкарки кои беа воинствено настроени, веднаш започнаа да се смеат, страстите се смирија, а на крајот целата публика ја пееше песната во еден глас. Едноставно од тензична, атмосферата стана идеална.
„Ние сме натпреварувачки и се бориме за иста работа, но постои само еден златен медал. Веднаш по мечот покажавме покажавме љубов и почитување. Двете екипи се обидувавме да го дадеме најдоброто. Чест ми беше да играм против овие ривали во финалето“, рече канадската одбојкарка Вилкерсон.
Ok, this is amazing:
1/ Canadian and Brazilian players are having a heated chat at the net during the women’s beach volleyball gold medal match
2/ DJ plays John Lennon’s ‘Imagine’
3/ Players look at one another and smile
4/ Crowd starts singing along pic.twitter.com/m1KCJPXtNm— Bastien Fachan (@BastienFachan) August 9, 2024