Ја прогласија за една од најлошите спортистки во историјата на ЛОИ, а таа вели: Сите мои потези се оригинални

На Олимписките игри во Париз видовме голем број врвни спортисти кои постигнаа резултати за почит, некои дури рушеа и олимписки и светски рекорди. Сепак, имаше и такви кои беа вистинско разочарување, а на таа тема прва на листата е Рејчел Ган од Австралија.

Ган се натпреваруваше во брејкденс и го имаше најлошиот настап, според многумина не само во брејкденсот, туку воопшто во историјата на ЛОИ. Австалијката која настапуваше во Б групата под уметничото име Рејган беше убедливо најслаба.

Трите противнички на Рејган ја победуваа со максимални 18:0 и токму Австралијката беше единствената од 16 натпреварувачи која не успеа да освои ниту еден поен во трите настапи.

Судиите со неверување ги следеа настапите на Рејган, која само скокала како кенгур и се тркалала по подот надвор од ритамот на музиката. Иако доби голем број критики, Рејган вели дека е задоволна од настапот.

„Сите мои движења беа оригинални. Креативноста е многу важна, а јас ја презентирам мојата уметност. Судиите никако не успеаја да го сфатат тоа. Јас правам уметност и тоа му го покажав на целиот свет“, објасни Рејган.

Со сигурност Рејган нема да ја гледаме на следните ЛОИ во Лос Анџелес затоа што брејкденсот кој првпат беше дел од ова натпреварување, нема да го има на Игрите во 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести