На ЛОИ во Лос Анџелес ќе има пет нови спортови

Олимписките игри во Париз завршија, а веќе започнаа подготовките за следниот најголем спортски настан во светот, Игрите кои за четири години ќе се играат во Лос Анџелес.

Во Градот на Ангелите ќе има пет нови спортови, кои ги немаше во Париз. Крикетот ќе биде вратен на Игрите по пауза од повеќе од еден век. Последен пат крикет имало во 1900 година, што значи дека по пауза од 128 години повторно ќе се појави на најзначајниот спортски настан.

Бејзболот беше на ЛОИ првпат во Барселона во 1992 година и беше дел од сите игри до Токио пред три години. Сега во Париз бејзболот го немаше, но се враќа на сцената на Игрите во Лос Анџелес.

За првпат на ЛОИ во Лос Анџелес ќе се промовираат спортовите како што се лакрос, сквош и флег фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести