Најлошата спортистка на Игрите во Париз ќе заработи милиони евра како интернет-сензација

Австралиската натпреварувачка во брејкденс, Рејчел Ган, неофицијално е прогласена за најлоша спортистка на ЛОИ во Париз. Ган се натпреваруваше во брејкденс и го имаше најлошиот настап, според многумина не само во брејкденсот, туку воопшто во историјата на ЛОИ. Австалијката која настапуваше во Б групата под уметничото име Рејган беше убедливо најслаба.

Трите противнички на Рејган ја победуваа со максимални 18:0 и токму Австралијката беше единствената од 16 натпреварувачи која не успеа да освои ниту еден поен во трите настапи, иако ги уверуваше судиите дека сите нејзини движења се максимално креативни и оригинални.

Настапите на Ган на Игрите станаа вирални на социјалните мрежи и таа иако не стана спортска ѕвезда, стана интернет-сензација. На нејзина адреса веќе се пристигнати многу понуди од светски познати брендови како за спортски артикли, како и од останатите дејности.

Проценките се дека Ган ќе потпише меѓу три и пет договори со светски познати фирми, а секој договор треба да ѝ донесе по 500.000 евра, што значи дека заработката може да и достигне до 2,5 милиони евра.

https://twitter.com/i/status/1822963780222898183

 

- Оглас -

Најнови вести