Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години со убедлива победа над Австрија ја заврши групната фаза од Европското првенство – „Б“ дивизија, кое се одржува во Скопје. Македонија победи со 95-88, но и покрај тоа остана без четвртфинале на турнирот во Скопје и без можност да се бори за пласман во „А“ дивизијата следната сезона. Пред мечот помеѓу Македонија и Австрија, играа Естонија и Шведска, а победи селекцијата од Скандинавија со 78-77 и со тоа нè исфрли од игра за четвртфинале бидејќи во кругот од три репрезентации со по три победи и еден пораз токму Македонија е најслаба.
Што се однесува до мечот против Австрија, Македонија лошо го отвори мечот и му дозволи на противникот да поведе со осум поени разлика, но во финишот на четвртината резултатски се вративме и на првата мини пауза се замина со минимална негатива од 21-23. Во втората четвртина го презедовме водство и на полувремето имавме +3, а победникот го решивме во третиот период, кој заврши со осум поени разлика во наша корист.
За нашата кадетска репрезентација сега следуваат натпреварите за пласман од деветтото до 16-тото место на турнирот во Скопје.