Олимпиецот кој има силувано дете се расплака: Оставете го моето семејство на мира

Холандскиот репрезентативец во одбојка на песок, Стивен ван де Велде, не освои медал на Олимписките игри во Париз, но неговото присуство таму предизвика многу реакции. Ван де Велде ја доби довербата од Холандската одбојкарска федерација да биде дел од Игрите во Париз иако има мрачно минато. Овој 26-годишен одбојкар само пред неколку години направил голем прекршок. Силувал 12-годишно девојче.

Осудениот педофил додека беше на теренот на Олимписките игри во Париз, постојано беше на цел на гледалите кои негодуваа дека има дозвола да игра на најголемиот спортиски настан и најчесто му велеа дека треба да си оди дома и дека не припаѓа да биде дел од ЛОИ.

Ван де Велде немаше пристап до Олимпиското село, тој беше сместен во посебен дел, а постојано го чуваа тројца телохранители. Додека траеја Игрите, немаше право да контактира ниту со новинарите, но сега, откако завршија Игрите, со реакција прв пат се јави и самиот Ван де Велде.

„Си реков себеси дека можеби не требаше да дојдам во Париз. Пред десет години направив голема грешка и сега морам да живеам со тоа. Но, сметам дека навредувањето на луѓето кои се околу мене, како што е мојот партнер на теренот Метју, потоа мојата сопруга и детето, едноставно е премногу. Тоа ме натера да се запрашам дали вредеше сето тоа. Ве молам, оставете го моето семејство на мира“, рече Холанѓанецот кој не можеше да ги сокрие солзите.

Ван де Велде во контакт со девојчето стапил откако таа му понудила пријателство на Фејсбук. Потоа тој заминал во Англија. Иако бил свесен за нејзините години, прво ја опијанил, а потоа трипати ја силувал. Тоа беше сведочењето на девојчето по кое полицијата го уапсила Ван де Велде.

На сослушувањето, одбојкарот го признал злоделото, по што е осуден на четири години затвор. Потоа бил префрлен од Англија во Холандија, каде што делото е преиначено од „силување“, во „сексуален чин кој ги нарушува друштвените норми“. Од затвор е пуштен само по 13 месеци. Неговата жртва по злосторството претрпела големи психички проблеми. Неколку пати се самоповредувала, а и се предозирала.

- Оглас -

Најнови вести