Неверојатна награда за олимпискиот шампион: Доби стан, 350.000 долари, бесплатни авиобилети и јадење до крајот на животот

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло се врати со две олимписки злата од Игрите во Париз, а во родната земја беше дочекан како вистински херој. Олимписката делегација од Париз беше дочекана од бројни навивачи, а таму беше и претседатеот на Филипини, Фердинанд Маркос јуниор.

Претседателот на Филипини на сите олимпијци им даде по милион пезоси (17.500 долари), додека Јуло заработи 30 милиони пезоси (350.000 долари). За освоените злата, гимнастичарот заработи и дополнителни 100.000 долари од Собранието.

Награди за гимнастичарот имаше и од многу деловни луѓе и компании во Филипини, па тој заработи и трособен стан во градот Тагуигу. Двете водечки авиокомпании во земјата му ветија дека ќе добие бесплатни авиобилети до крајот на животот, од компанија за храна доби бесплатен оброк до крајот на животот, плус уште многу други поволности.

Јоло во Париз освои злато прво на партер, а потоа и во прескок, а неговите медали се сметаат за најголем спортски успех во историјата на Филипини. И пред ЛОИ во Париз, Филипини имаше златен олимписки медал, и тоа од игрите во Токио во дигање тегови.

 

- Оглас -

Најнови вести