Оливера Наковска–Бикова ќе биде единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз.
Денеска Бикова заедно со својот тим беше примена во канцеларијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Во главниот град на Франција, по Олимписките, ќе се одржат и Параолимписките игри во период од 28 август до 9 септември.
Четириесет и деветгодишната параолимпијка во Лондон 2012 година во дисциплината 10 метри воздушен пиштол го освои златниот медал за Македонија.
Бикова зад себе има успешни подготовките и според најавите, во Париз ќе учествува во три стрелачки дисциплина на 31 август, 2 и 4 септември.