Македонските кадети ја победија и Португалија и покажаа дека местото не им е во разигрувањето за пласман

Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години забележаа уште една, вкупно петта победа на Европското првенство – „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите млади кошаркари загубија само од Естонија и во круг од три селекции останаа без пласман во четвртфиналето, но со игрите во разигрувањето за пласман уште еднаш покажаа дека местото им е помеѓу најдобрите селекции на првенството.

Македонија вечерва беше убедлива против Португалија и победи со 70-68, со што утре ќе игра за пласман на деветтата позиција. Првото полувреме мина во комплетна доминација на нашите кадети, кои на полувремето имаа предност од 45-30. Во второто полувреме дојде до големо опуштање во нашите редови, па финишот беше неизвесен и победата висеше во воздух, но македонските кадети беа посконцентрирани и победија со два поени разлика.

Григориј Ѓорѓевиќ со 22 поени беше најефикасен во селекцијата на Македонија, додека Алексеј Нешовиќ постигна само два поени помалку.

- Оглас -

Најнови вести