Келиф: Не можам да го опишам стравот што го чувствував за време на ЛОИ

Алжирската боксерка Имане Келиф со златен медал се врати од Олимписките игри во Париз, иако во текот на целиот турнир беше изложена на голем притисок, околу дилемата дали е вистински жена или е трансродна особа. На крајот, таа беше доминантна во сите борби и на убедлив начин ја освои титулата во категоријата до 66 килограми.

Настапот на Келиф предизвика реакции затоа што минатата година таа беше суспендирана од страна на Меѓународната боксерска федерација (ИБА) и не доби дозвола за настап на Светското првенство, но Меѓубародниот олимписки комитит дозволи да се натпреварува на Игрите во Париз, каде и победи.

Целата фама на ЛОИ околу Келиф се случи откако во првото коло, нејзината противничка од Италија ја предаде борбата по само 46 секунди од првата рунда.

„Веднаш по мојата прва победа на ЛОИ се случи огромна реакција низ целиот свет од страна на политичари, спортисти, па дури и уметници и светски ѕвезди како што се Илон Маск, Доналд Трамп… Сите тие работи имаа влијание врз мене. Многу ме повредија. не можам да опишам колку страв имав. Си велев зошто е целтата таа фама, бев уплашена, но фала му на Бога успеав да ја пребродам таа фаза“, вели келиф во своето прво јавно интервју по завршување на Олимписките игри во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести