Одбојкарска лекција од Македонија за Грузијците, убедлив триумф за почеток на патот до ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Грузија и со 3-0 (по сетови 25-12, 25-14, 25-18) ги отвори квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Нашите најдобри одбојкари доминираа во текот на целиот меч, а ова беше само загревање за клучниот дуел дома против Грција на 25-ти август. Со победа над јужниот сосед, ќе бидеме многу блиску до пласман на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести