Младите кошаркари завршија на десеттото место

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија ги заврши настапите на Б-Европското првенство во Скопје на десеттата позиција. Во последниот меч за пласман, нашите млади кошаркари беа поразени од Унгарија со 80:71.

Во текот на целиот меч Унгарците имаа водство. По првиот период имаа предност од седум поени, а на полувреме заминаа со +8 (33:41).


Во речиси идентичен ритам се играше и вториот дел од натпреварот.

Цветковски со 24 и Ѓорѓевиќ со 20 поени беа најефикасни во составот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести