Италијанката Валентина Петрилјо (49) е првата трансродова спортистка која ќе учествува на Параолимписките игри во Париз кои почнуваат на 28 август, а уште пред почетокот веќе предизвика контроверзии.
Пред четири години Валентина беше маж и се викаше Фабрицио, а сега ќе се обиде да освои медал во спринт на 200 метри. Нејзиното присуство доведе до остра реакција во јавноста, нешто слично на ОИ кога во центарот на вниманието беше боксерката Имане Келиф.
Валентина, која на 14 години го загубила видот, а и има Старгард синдром, како шестгодишно дете (тогаш момче) сакала да носи женска облека и сонувала да трча брзо како Пјетро Менеа.
„Го видов Менеа како победува на Олимписките игри во Москва во 1980 година на телевизија и благодарение на него се заљубив во атлетиката. Се заљубив во тој син дрес и си реков дека сакам олимписки медал. Се родив како маж и тоа беше најтешкото нешто со кое се соочив, мојот сон со текот на времето се трансформираше и не дозволив никој да го изгасне. Како спортист со инвалидитет и трансродова личност имам своја уникатност, со себе го носам товарот на различностите. Затоа мојата најважна порака е да бидете свои, секогаш“, вели Петрилјо.
Интересно, Валентина во минатото била маж и се викал Фабрицио, а бил и оженет со Елена, со која станале и родители.