Ждрепка за Конференциската лига: Челзи ќе гостува во Атина и кај еден македонски интернационалец

Ждрепката за Конференциската лига сакаше во лигашката фаза да има меч помеѓу Челзи и еден македонски интернационалец.

На тимовите им се загарантирани шест меча во првата фаза.

Најзвучното име, лондонскиот Челзи, ќе игра дома со Гент, Шемрок роверс и Ноах, а ќе им гостува на Хајденхајм, Астана и Панатинаикос. Член на казахстанскиот тим Астана е некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ.

Амановиќ ќе има дуели и со АПОЕЛ, Виторија, велшкиот ТНС, ТСЦ Бачка Топола и Пафос.

Фиорентина за противници ги доби ЛАСК Линц, АПОЕЛ, Виторија Гимараиш, ТНС, Сент Гален и Пафос. Бетис ќе има дуели со Копенхаген, Легија, Хелсинки, Млада Болеслав, Петроклуб и Целје.

Борац Бања Лука на голманот Дамјан Шишковски ќе игра против ЛАСК, АПОЕЛ, Омонија, Шемрок, Панатинаикос и Викингур.

Полскиот тим Јаелонија, чиј дрес го носи Дарко Чурлинов, ќе се сретне со Копенхаген, Молде, Олимпија Љубљана, Млада Болеслав, Петроклуб и Целје.

- Оглас -

Најнови вести