Интер одигра шампионски против Аталанта (Видео)

Италијанскиот шампион Интер одигра одличен натпревар на „Џузепе Меаца“ и ја декласира Аталанта со 4-0. Тимот на Симоне Инзаги доминираше на теренот и знаеше како тоа да го материјализира со неколку голови во мрежата на гостите од Бергамо.

Интер поведе веќе во третата минута, кога по уфрлувањето на Маркус Турам, топката ја зафати Берат Џимшити и ја затресе сопствената мрежа.

Во деветтата минута Николо Барела постигна фантастичен гол од 25 метри, а во второто полувреме Маркус Турам постигна уште два гола за убедлив триумф на Интер.

- Оглас -

Најнови вести