Барселона е „страшна“, му даде седум гола на Ваљадолид (Видео)

Барселона на Ханси Флик е навистина „страшно“ добра, а тоа го почувствува Ваљадолид кој беше поразен со 7-0. Каталонскиот тим се наоѓа на врвот со максимални 12 бода по четири одиграни натпревари.

Рафиња го отвори резултатот во 20-тата минута, а до крајот постигна и хет-трик. Роберт Левандовски зголеми на 2-0, а Жул Кунде се погрижи и за трет гол во првиот дел.

Во второто полувреме во листата на стрелците покрај Рафиња се запишаа и Дани Олмо и Феран Торес.

- Оглас -

Најнови вести