Киран Трипие пред интригантен трансфер, во клуб кој сигурно не знаел ни дека воопшто постои

Искусниот 33-годишен англиски фудбалер Киран Трипие е на чекор до интересен ангажман и ќе го напушти Островот барем за една сезона, во еден интригантен трансфер.

Медиумите во Англија известуваат дека Трипие е подготвен да замине на едногодишна позајмица во турскиот клуб Ејупспор.

Ејупспор од клупата го предводи прославениот Арда Туран, кој успеал да го убеди искусниот бек да се пресели во турскиот фудбал.

Сепак, целата приказна би можела да биде спречена од сегашниот клуб на Трипие, Њукасл.

Трипие има важечки договор со Њукасл до летото 2026 година, а доколку замине на позајмица во Ејупспор, Њукасл би требало да му исплаќа поголем дел од платата. Прашањето е дали англискиот клуб ќе се согласи на оваа опција.

- Оглас -

Најнови вести