Српскиот натпреварувач Небојша Ѓуриќ освои сребрен медал во фрлање ѓуле на Параолимписките игри во Париз, но веќе следниот ден се случи целосен пресврт.
Имено, организаторите му го одзедоа медалот на српскиот спортист, наведувајќи ја како причина неадекватна опрема. Подоцна пристигна информација дека Иранците се пожалиле на Ѓуриќ и на полскиот претставник Столтман, кој го освои третото место, а нивните жалби биле прифатени.
Како резултат на тоа, Ѓуриќ беше дисквалификуван, а Столтман го изгуби најдобриот резултат, па иранскиот претставник го освои второто место, додека Столтман го задржа среброто.
Медиумите во Србија жестоко реагираа, а посебно бесен беше и самиот Ѓуриќ.
„Ова веројатно е една од најголемите кражби и измами во историјата на параатлетскиот спорт. Дојдов како седми или осми фаворит, на крајот го освоив медалот правејќи чудо и со многу труд. Би сакал да ѝ се заблагодарам на целата нација, на нашите семејства, пријатели, на сите кои нѐ поддржуваа и ја почувствувавме таа поддршка“, изјави лутиот Ѓуриќ за „РТС“.