Може ли Ландо Норис до триумф и на Монца?

Ландо Норис продолжува да го импресионира тимот на Мекларен, откако вчера стана првиот возач на тимот кој успеал да освои две последовни пол-позиции по Луис Хамилтон во 2012 година. Сепак, денес Норис ќе се соочи со многу потешка задача, обидувајќи се да ја победи втората последовна трка по неговиот триумф на „Зандвоорт“.

И покрај малите разлики во квалификациите, двајцата возачи на Мекларен успеаја да го окупираат првиот стартен ред, додека нивните конкуренти се соочија со предизвиците на „Монца“, правејќи грешки на свиоците.


Најголем губитник од квалификациите беше Луис Хамилтон, кој имаше темпо за првото место, но поради две грешки во првиот и последниот свиок заврши на шестото место.

Иако конфигурацијата на „Монца“ е поедноставна во споредба со „Зандвоорт“, тимовите како Мерцедес и Ферари покажаа дека не заостануваат многу зад темпото на Мекларен со нивните средно тврди гуми. Сепак, Ред Бул повторно се најде во незавидна позиција поради проблемите со максималната брзина и балансот на болидот, поради што Макс Ферстапен не беше особено оптимистички настроен за темпото на нивниот RB20.

Трката на „Монца“ се очекува да биде интензивна, при што сите се надеваат на тесна борба за победа. Џорџ Расел истакна дека ова е одлично за Формула 1, што само го потврдува очекувањето за интересна трка.

За дополнителна возбуда, секако е тука Sport Life, со огромната понуда на игри и коефициенти за денешната трка во Монца, кој ќе победи, кои тројца пилоти ќе бидат на подиумот, кој ќе го вози најбрзиот круг, кој ќе влезе прв во бокс, и многу други игри.

- Оглас -

Најнови вести