МЗТ Скопје одбраната на титулата ја почнува против Шкупи, Еуро Никел со ново име во новата сезона

Новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија започнува на петти октомври, а во просториите на Кошаркарската федерација беше извршена и ждрепката на натпреварувачките броеви, по што познати се и двојките.

Бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје, одбраната на трофејот ја започнува со домашен дуел против повратникот во елитата, екипата на Шкупи. Во првото коло, освен дуелот во Аеродром, ќе се одиграат уште четири натпревари во Скопје, а единствениот дуел надвор од главниот град ќе биде оној во Кавадарци, каде што екипата на Тиквеш ќе го пречека вицешампионот Пелистер.

Тиквеш е старо-новото име на екипата на Еуро Никел, која низ годините беше позната и како Орка и Фени Индустри, а сега, речиси по 30-тина години, си го враќа старото име.

Двојки за прво коло:

МЗТ Скопје – Шкупи
Работнички – Феникс
Вардар – Гостивар
ТФТ – МКК Куманово
Чаир – Кожув
Тиквеш – Пелистер

- Оглас -

Најнови вести